Мајами Хит се пласира во финалето на истокот.
Рано сабајлево, “жешките” на гостински терен триумфираа со 99:90 и ја елиминираа Филаделфија со конечни 4:2. Третата четвртина која момците од Флорида ја добија со +10 беше клучна за кршење на притисокот на “сиксерси”.
Џими Батлер беше во главна улога постигнувајќи 32 поени и 8 скокови. Мајами го чека подобриот во дуелот помеѓу Милвоки и Бостон каде во моментов е 3:2 за “бакси”.
NBA FAN
Димитар Младеновски