Триесет и петгодишна државјанка на Словенија и нејзиното дете на возраст од 10 години загинаа во несреќа што се случи во Улцињ. Уште две лица, исто така, државјани на Словенија, се повредени.
РТЦГ пренесе дека несреќата се случила околу 14 и 25 часот кога во морето се судриле две пловила. Неофицијално, загинатите и повредените биле на гумена „банана“ што ја влече глисер кога дошло до судир со туристички брод.