Мајка му го оставила во контејнер, а сега е милионер!

785

Неговата мајка како бебе го оставила во контејнер, а денес тој е на чело на компанија која вреди 62 милиони долари.

30-годишниот Фреди Фигерс е роден на Флорида, а неговата мајка набрзо по раѓањето го оставила во контејнер. Малиот Фреди откако бил пронајден, бил посвоен од страна на Нејтан и Бети Фигерс.

Фреди денес е иноватор, поточно основач и извршен директор на “Figgers Wireless”, телекомуникациска компанија чија вредност се проценува на 62 милиони долари.

Фреди го добил првиот компјутер кога имал девет години. Компјутерот бил расипан, но тој набрзо сфатил како да го поправи. Тоа бил почетокот на неговата блескава иднина и кариера во информатичкиот сектор.

Подоцна кога бил тинејџер, кога дознал дека неговиот татко боледува од Алцхајмерова болест, Фреди измислил чевли со ГПС тракер и комуникатор, по што тоа го продал за неколку милиони долари.

Прв пат се вработил како компјутерски технчар на 12 години, а веќе на 15 години тој веќе ја основал својата прва компанија.