Ожалостената мајка на двегодишната ќерка која трагично загинала со недели била во депресија пред да собере храброст да за прв пат стане од кревет.
Трагичната смрт на малата Фавиола Родригез психички ја уништило нејзината мајка Сандра која не верувала дека животот после ваков настан е можен.
А потоа се случило нешто крајно бизарно. Едно попладне примила телефонски повик од гробиштата каде е погребана малата Фавиола. Работниците ја замолиле да дојде.
Кога Сандра дошла и се доближила до гробот на својата ќерка, само што не се онесвестила. Околу споменикот забележала детски стапалки идентични на оние кои Фавиола ги правела. А тоа било почетокот на мистеријата.
Работниците и рекле дека некое дете веќе неколку денови го посетува гробот во текот на ноќта и дека тоа сега било снимено од надзорните камери. Случајот го пријавило едно семејство чиј убиен син е погребан во близина. Бидејќи насилната смрт го уништила нивното семејство, побарале снимка од камерите да видат дали можеби убиецот ќе се појави на гробишта.
Наместо убиецот, на надзорните камери виделе дух на мало девојче.
Нејзината мајка ја погледнала снимката од гробиштата во Ново Мексико и започнала да плаче.
“Тоа е она. Луѓе, тоа е навистина она. Нејзиниот дух”, викала неутешната Сандра, пренесува CBS.
На снимката се гледа силуета на девојче идентично на Фавиола како оди околу гробиштата и ги гледа и допира цвеќињата. Покрај неа се наоѓало и едно постаро момче. Сандра е убедена дека тоа е момчето кое е убиено, а кое почива до гробот на нејзината ќерка.
“Тоа се двајцата. Ги споила трагичната приказна”, сигурна е Сандра.
Фавиола Родригез починала додека ја чувал момчето на Сандра.
Според истрагата на полиијата и судејќи според модриците на телото на девојчето, нејзе најверојатно ја убил момчето на нејзината мајка додека ја чувал.