„Мајкл е невин“: Наследниците бараат отштета од 100 милиони долари

791

Наследниците на кралот на поп музиката, Мајкл Џексон, ќе ја тужат кабловската телевизија HBO, поради документарниот филм „Leaving Neverland“ и ќе бараат отштета во износ од 100 милиони долари.

Филмот, кој неодамна премиерно беше прикажан на Sandens фестивалот, зборува за обвиненија на сметка на Џексон, за неговото наводно злоставување на малолетници.

Семејниот адвокат на наследниците на Џексон, тврди дека Мајкл е невин и дека НВО не го истражиле прописно материјалот со кој се занимава документарецот и дека не ги провериле сите факти, туку дека само го финансирале и продуцирале филмот, во кој зборувале две жртви, кои веќе порано, под заклетва, им рекле на семејството и на полицијата дека помеѓу нив и Џексон ништо не се случило.

Фокусот на филмот, кој трае полни четири часа, е на обвиненијата за сексуално злоставување на Вејд Робсон и Џеми Сејфчак, во 80-те години, кога имале седум и десет години. Тие тврдат дека кралот на поп музиката, за да имаат секс со него им давал благи работи. Велат и дека пејачот дури глуми венчавка со еден од нив.

И покрај обвинението, од НВО наведуваат дека сепак ќе продолжат со емитување на овој документарец. НВО ги отфрла обвиненијата на семејството дека помеѓу телевизијата и Џексон постоел договор, според кој не смееле да го обвинуваат, односно велат дека се невистинити.

„И покрај сите очајни обиди филмот да не се прикажува, нашите планови остануваат непроменети. Тоа ќе им овозможи на гледачите сами да го проценат самиот филм и тврдењата во него“, истакнале од НВО.

Документарниот филм на оваа кабловска телевизија ќе се емитува во два дела, по два часа, на 3-ти и 4-ти март.