Мајкл нема да види ни цент од богатството на Кирк Даглас, познато каде ќе завршат милионите

655

Актерот Кирк Даглас почина на почетокот на месецов, а по повеќедецениската филмска кариера, неговото богатство се проценува на 60 милиони евра.

Ни цент од овој износ тој им нема оставено на синовите, меѓу кои најпознат е актерот Мајкл Даглас.

Сите парични средства кои ги имал Кирк ги оставил за хуманитарни цели. Преку својата фондација тој средствата ги поделил на универзитети, детски болници и театарот кој го носи неговото име.

Познатиот актер, последната ѕвезда од златната ера на Холивуд, почина на 5 февруари, речиси 2 месеци откако го прослави својот 103 роденден.