Македонец исчезна во Белград, неговото исчезнување мистерија за сите

1351

Македонецот Лазо Павлев (42) исчезна во Белград на 25 септември, од кога му се губи секоја трага, пренесува српски Блиц. Неговото исчезнување објавено е во регистерот на исчезнати лица, со објаснување дека Павлев престојувал во стан на Дорчол, кога контактот со нив последен пат е остварен на 25 септември околу полноќ.

Сите околности на неговото исчезнување се непознати, а во апелот за помош во пронаоѓање, објавено е дека е висок 180 сантиметри, тежок 120 килограми, со кафени очи.