МАКЕДОНИЈА ДОМАЌИН НА ЖЕНСКОТО ЈУНИОРСКО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ВО 2024 ГОДИНА

646

Македонија ја доби организацијата на женското Светско првенство во јуниорска конкуренција кое ќе се одржу во 2024 година. Македонија аплицираше за добивање на четири првенства, со желба да добие барем едно, по што Светската федерација (ИХФ) се одлучи на РФМ да му ја додели оваа организација.

Женскиот мундијал за играчи до 20 години ќе биде убава шанса за нашиот женски ракомет, полека да се врати на стари патеки, и уште од сега да се подготвува генерација која за 4 години ќе не преставува на шампионатот на домашен терен. ИФФ ги одреди и домаќините на сениорските мундијали.

Во 2025 Светско првенство ќе се игра во три држави, Хрватска, Данска и Норвешка, а женското во Германија и Холандија. Домаќин на машкото Светско првенство во 2027 година стана Германија, а во женска конкуренција ќе се игра во Унгарија.