Тамара Тодевска вечерва со песната „Proud“ настапи во втората полуфинална вечер на 64-та по ред Евровизија, која се оджува во Тел Авив, Израел.
Овации и силен аплауз добија Тамара Тодевска и придружните вокали по настапот на втората полуфинална вечер на Евровизија.
Тамара не успеа да ги совлада емоциите и заплака на крајот од неверојатниот настап, особено кога ја виде фотографијата од својата ќерка Хана.
Во секој момент ги очекуваме резултатите и „стискаме палци“ за конечен пласман на нашата земја во финале на Евровизија!