Каталонците прво го совладаа германски Улм со 59-50, додека потоа беа уште поубедливи против Гран Канарија (85-47). Македонскиот центар, кој со само 16 години игра против за две години повозрасни противници, на воведниот меч одигра скоро 12 минути со шест постигнати поени (3/5 за двојка) и три скока. Во вториот триумф Симиќ одигра 16 минути со учинок од десет поени (4/7 за 2п, 2/5 за 1п) и осум скока. Третиот меч на овој турнир екипата на нашиот суперталент ќе го одигра денеска и тоа против француски Нантер.
Барселона без разлика на неговите години, сериозно смета на високиот Симиќ, за што најголем доказ е што го регистрира за настап и во сениорската Евролига.