Престижниот „Нешнл џиографик“ ја вброи Македонија во 29 светски дестинации за кои им препорачуваат на читателите да ги посетат следната 2019 година.
Одговорот на прашањето зошто би ја посетиле Македонија е едноставен – Авантура!
„Дали Македонците евентуално ќе стават „Северна“ пред името на нивната земја или не, неодамнешните вести за овој долготраен спор со Грција го подигнаа профилот на малата балканска нација. Опкружена од Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија, без излез на море, Македонија можеби нема брег, но е извонредно богата со планини и со езера.
Високите врвови, длабоките клисури и водопади ги благословуваат трите малку посетени национални паркови на земјата: Галичица, Маврово и Пелистер. Веслајте со кајак долкж брегот на Охридско Езеро, едно од најстарите и најдлабоки езера во Европа, и летајте над Пелагониска котлина од тревнатото место за полетување во македонскиот параглајдерски центар и највисок град Крушево, висок 4.429 стапки“, пишува во образложението.
Македонија е на 25. место на овој список на месечникот за географија, картографија и истражувања.
Погледнете повеќе на линкот.