На фудбалската федерација на Косово им се заканува суспензија од 2 до 5 години во кои можат да бидат исфрлени од сите натпреварувања во УЕФА и ФИФА, јавуваат медиумите во Приштина.
Причина за ова е обидот за смена на претседателот на тамошната федерација, Агим Адеми, и вплеткувањето на политиката во спортот, што е спротивно со препораките на двете најсилни фудбалски куќи во светот и Европа.
Доколку ФИФА реши да го суспендира Косово, во тој случај Македонија ќе успее директно да се најде во финалето од баражот за пласман на ЕП пред да се одигра натпреварот во месец март.
Македонија треба(ше) да го пречека Косово на 26 март во Скопје, а победникот од тој дуел ќе оди директно во финале.
Ако се вратиме назад, ќе видиме дека ФИФА и УЕФА се отсечни во ваквите работи, пример за тоа беше суспензијата на фудбалската федерација на Нигерија, поради мешање на владата во спортот, исто им се случи и на Камерун во 2013 година.