Македонската репрезентација ќе биде тотално преполовена за последниот натпревар од Лигата на нации кој против Ерменија го играме на 18. ноември во Никозија, Кипар.
Со националниот тим за Кипар и дефинитивно не патува и еден од најдобрите фудбалери Елиф Елмас како кого е потврдена повреда на бутниот мускул поради што нема да може да биде на располагање на шефот на стручниот штаб, Игор Ангеловски.
Претходно, како што е познато, поради повреди, суспензии и ослободувања за враќање на клупските обврски, од комбинација за натпреварот со Ерменците отпаднаа и Пандев, Адеми, Барди, Алиоски, Димитриевски, Ристевски, Николов, Спировски и Велкоски.
Националниот тим денеска од 10 часот патува за Кипар. По бројните откажувања Ангеловски дополнително ги повика Душко Трајчевски од кипарска Докса, Дарко Мицевски од Вардар и Томе Китановски од Македонија ЃП.