Македонија во портокалова фаза, температурата ќе го надмине и 42-риот степен

833

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ продолжува периодот на стабилно и исклучително многу топло време (до 06.08) со натпросечни температури за овој период од годината.

Ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надмине и 42-риот степен.