Македонија во вечерен термин ќе брка четвртфинале

764

Светската ракометна федерација (ИХФ) ја објави саатницата на осминафиналните натпревари на Светското кадетско првенство во Скопје. Македонија за пласман во четвртфиналето ќе се бори против Португалија, а натпреварот ќе се игра в среда на 14 август во 20:45 часот во СЦ „Борис Трајковски.

Распоред и сатница на натпреварите:
Осминафинале:
14 август, 14:00 часот:  Аргентина – Германија (Борис Трајковски)
14 август, 14:00 часот:  Египет – Словенија (Јане Сандански)
14 август, 16:15 часот:  Исланд – Јапонија (Борис Трајковски)
14 август, 16:15 часот:  Хрватска – Унгарија (Јане Сандански)
14 август, 18:30 часот:  Данска – Тунис (Борис Трајковски)
14 август, 18:30 часот:  Франција – Норвешка (Јане Сандански)
14 август, 20:45 часот:  Португалија – Македонија (Борис Трајковски)
14 август, 20:45 часот:  Шпанија – Шведска (Јане Сандански)

Президент Куп:
Натпревари за пласман од 21-то до 24-то место:
14 август, 09:30 часот:  Нигерија – Бразил (Борис Трајковски)
14 август, 09:30 часот:  Чиле – Канада (Јане Сандански)

Натпревари за пласман од 17-то до 20-то место:
14 август, 11:45 часот:  Бахреин – Србија (Борис Трајковски)
14 август, 11:45 часот:  Саудиска Арабија – Тајван (Јане Сандански)