Македонска државјанка загина во сообраќајна несреќа во Хрватска

1010

Македонска државјанка загина во сообраќајна несреќа што се случила утрово на автопатот А3 кај Окучани, Хрватска.

Како што јавуваат хрватските медиуми, несреќата се случила кога автомобил со германски регистарски таблички се превртел, слетал во канал и запрел на покрив. Жртвата била сопатничка во возилото.

Возачот, исто така, македонски државјанин, одбил лекарска помош.

„Полициската управа на бродско-посавската жупанија и Жупанското државно обвинителство продолжуваат со испитувањето на очевидци со цел утврдување на околностите под кои настанала несреќата“, соопшти портпаролката на полицијата, Ката Нујиќ.