Македонски државјани загинаа во страшна сообраќајка во Италија

876

Двајца македонски државјани загинаа во сообраќајна несреќа во Пјаченца, Италија.

Според пишувањата на италијанските медиуми во несреќата загинале момче и девојка, кои биле братучеди, на возраст од 25 и 26 години. Тие со автомобил „рено клио“ удриле во дрво, по што возилото се запалило.

Двајцата останале заробени во автомобилот, па кога стигнале спасувачките екипи тие веќе починале, а нивниот автомобил бил во пламен.

ilpiacenza.it објави дека загинатите се идентификувани како Методиј Витанов и Марија Витанова. Девојката била во посета на нејзниот братучед.