Македонски судијки ќе судат на Ф4-турнирот во Европската лига на ЕХФ

735

Македонската судиска двојка Силвана Карбеска и Марија Илиева добија престижен настан и ќе бидат дел од завршниот Ф4-турнир во женската ракометна Европска лига на ЕХФ.

Завршницата ќе се игра во Баја Маре, а македонскиот судиски пар е номиниран заедно со уште четири други. На Ф4-турнирот учество ќе земат романски Минор Баја Маре кој е домаќин, француски Нант, дански Хернинг Икаст и унгарски Шиофок.

Ф4-турнирот во Европската лига ќе се игра на 8 и 9 мај. Таму ќе има уште едно познато име за нашата ракометна сцена, тоа е Татјана Медвед, која ќе биде делегат.