Извештајот за работата на најголемите македонски банки за 2018 година покажува дека првите пет банки во државата имаат годишен ПРОФИТ од 128,8 милиони евра! За македонски услови, во економија која е според Светска банка е најлоша во регионот и со најмали плати од сите околни држави оваа заработка повеќе лични на лихварски грабеж отколку на профит стекнат со позитивно менаџирање на компаниите.
Резултатот од ово модел според кој банкарите заработуваат на ниво на лихвари, а компаниите и граѓаните пропаѓаат за да им ги платат каматите создава ситуација на нова лихварска елита во општеството која е толку богата што може да плати остварување на своите интереси и во политиката, и во медиумите, како и кај невладиниот сектор. Толку богата што може да плати скапи и долги судски процеси кои ги добива и извршува врз имот и средства на своите клинети кои заглавени во долговите немаат пари да се носат со адвокатите на банките и нивните извршители особено не во постапки со долг рок.
Еве ја листата на најбогатите во Македонија:
Како што може да се види, тие пет за година дена оствариле чист профит од 128,8 милиони евра. Ако нивниот профит го споредиме со севкупната заработка на мобилните оператори, Телеком и ВИП, кои имаат профит помалку од 30 милиони евра за година дена, ќе видиме дека петте македонски банки заработиле повеќе од четири пати од севкупната индустрија на интернет и мобилна телефонија во истата држава. Но, банките не го делат профитот подеднакво. Најголемиот дел од профитот или 108 милиони евра оствариле водечките три банки: Стопанска, НЛБ и Комерцијална банка кои имаат профит од неверојатни 108 милиони евра.
Таков пример во Европа, на друго место – нема. Стапката на профит на македонските банки е лихварство.
Заработката на Македонски Телеком, за споредба, за првите шест месеци од 2018 година е зголемена за 33,5% во споредба со истиот период од претходната година, и изнесува 816 милиони денари. Ситница во однос на бакните.
Податоците покажуваат дека во 2018 година македонските банки оствариле добивка од 138,5 милиони евра (само првите пер имаат 128,8 милиони евра профит, а сите други заедно – 9,8 милиони евра), што е за речиси 77% повисок банкарски профит во споредба со добивката остварена во истиот период од претходната 2017 година.
Македонскиот банкарски сектор прокнижи 31,9 милиони евра повеќе во споредба со остварената добивка во 2017 година, што повторно претставува рекордна година по заработката. Во 2018 година, банките заработија речиси 430 милиони евра само на камати и надоместоци од граѓаните и компаниите.
Позитивно влијание врз високата профитабилност имаа и остварената капитална добивка од продажба на капитален влог во друга финансиска институција (продажбата на Нов пензиски фонд од страна на НЛБ Банка), како и позасилената продажба на имот којшто претходно бил преземен заради ненаплатени побарувања (продажбата на побарувањата од „Фени индустри“ од Комерцијална банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје).
Се поставува прашање: од која економија и од кои граѓани е остварен овој рекорден профит во година кога економијата има најниска стапка на раст последниве десет години, а платите и пензиите стојат во место или се релано намалени?!
Во Србија, според извештај на нивната Народона банка, во 2018 банките бележат зголемен профит од само 3,7 проценти. Вкупно, 24 банки оствариле во 2018-та профит од околу 300 милиони евра. Да повториме, тоа е профит на 24 банки, на пазар сличен на нашиот кој е поголем четири пати. Петте македонски банки, на четири пати помал пазар заработиле профит од 128,8 милиони евра. Тоа е факт за лихварството на нашите банки.
Ова е тема која не завршува со овој текст, туку ќе продолжи и понатаму. Постои евидентна врска помеѓу екстермно високите профити на банките, особено трите најголеми наведени во овој попис, и политиката која тоа го форсира и дозволува заради личен интерес на тие кои во политиката одлучуваат. Она што следи се анализи и факти на причините зошто Македонија толерира лихварско работење на банките, особено на три: Стопанска, Комерцијална и НЛБ на штета на своите граѓани и компаниите, како и мерките кои во вакви ситуации политиката може да ги променуава.
Во политикита и тоа во врвната во Македонија, онаа која одлучува, имаме луѓе со свои бизниси кои соработуваат со некои до големите банки користејќи привилегиран стстус. Некои други се акционери од значење во големите банки, трети користат политички привилегии за членство во управни и надзорни одбори во банките за себе или свои блиски… Многу врзивно ткиво е видливо помеѓу политичарите и банкарите кое обезбедува долготрајно молчење пред банкарските екстра профити токму од оние кои се задолжени истите да ги контролираат, регулираат и политички да балансираат помеѓу банките, стопанството и граѓаните – клинети. На толкав профит во кеш, не е тешко да се стави политиката во служба на банкарскиот профит.
Прв совет е, ако имате избор, заобиколете ги банките со најголем профит бидејќи тие се богатат од вас. Во Македонија има и други банки, со реални цени на услугите, кои ќе ги задоволат потребите на клинетите без да создаваат екстремни профити од нив.
Второ, за почеток на оваа серија, како тоа го решаваат во Европа: Регулаторите на Европската унија ги казниле банките JP Morgan Chase, HSBC и Credit Agricole со 484 милиони евра затоа што со меѓусебно договарање манипулирале со цените на финансиските производи поврзани со каматните стапки.