Македонските “бисери” ја освојуваат Хрватска

655

Македонскиот младински фудбалскиот тим “FC Cool” (генерација 2010) се подготвува за еден нов интересен предизвик.

Од 20-ти до 23-ти Април годинава во Хрватска ќе се одржи “Макарска куп”, фудбалски турнир до 13 годишна возраст. На овој настан нашите млади таленти предводени од тренерот Марко Арсовски ќе имаат можност на дело да го покажат својот неспорен квалитет.

Нашите претставници ќе настапат во групата “C” заедно со тимовите на Ријека, Вуковар, Широки Бријег и Адриатик Сплит.

На нашите млади “бисери” им посакуваме среќа.