Малиот грчки остров ја чува својата магија: Ова е место во кое жените се главни, нема интернет, продавници ни пекари

815

За разлика од многу острови кои се “проголтани” од страна на туризмот, островот Карпатос негува поинаков пристап.

За повеќето луѓе, ова место е вистинска мистерија, а во последно време привлекува сè повеќе туристи поради своите таинствени и прекрасни плажи, но и поради она со кое Карпатос се гордее веќе со децении.

Долгогодишната традиција која и понатаму се одржува на грчкиот остров е најдобра разгледница за овој мал остров со 7000 жители. Иако е оддалечен само еден час возење со авион од Атина, тука времето како да застанало. Најмногу луѓе живеат во главниот град Пигадија, но особено е интересно селото Олимпос на северниот дел од островот во кое владеат жени.

“Не постојат многу места на светот кои себеси се опишуваат како заедници на матријархатот. Тоа е нешто сосема поинакво од она на кое сме навикнати”, вели туристката Кејти Сел.

Во близина на селото се наоѓа земјоделското подрачје Авлон, место во кое нема интернет, ниту било какви продавници и пекари, освен печката на отворено покрај која стои вредната Ана Лентаки. Нејзиниот леб и макарони се посебен специјалитет, а ги припрема по рецепт кој се пренесува од генерација на генерација во нејзиното семејство.

Матријархат е заедница позната како “место во кое жените се главни”, но прашање е на кој начин се спроведува таквата традиција денес. Жените од Олимпос се господарки на кујната, не само во своите куќи туку и во рестораните. Облечени се во традиционална облека за религиозни церемонии додека мажите се облечени во вообичаена облека. Жените се наоѓаат на важни позиции и ја одредуваат политиката на островот.

“Во многу општества, женската моќ е тајна, но во Олимпос не постојат такви тајни”, велат локалните жени.

“Жените имаат посебна сила и моќ да управуваат со домаќинството и да преживеат на островот”, вели Фотеини Фрак, кој се занимава со туризам. Женската популација е одговорна за продолжување на традицијата, делење и пренесување на рецепти и тоа отсекогаш било така.

“Жените на Олимпос ме потсетија на она што е важно. Тие се силни без оглед на тоа во каков систем или општество живеат”, изјавила Сел.