Малку им се тројца: Челзи доведува уште еден Азар!?

1075

Британските медиуми пренесуваат дека во Челзи би можел наскоро да се пресели уште еден Азар.

Помладиот брат на најдобриот играч на Челзи Еден, 15-годишниот Етан, е мета на клубот од „Стемфорд Бриџ“ кој не е единствениот голем клуб кој покажа интерес за него.

Талентираниот Етан Азар моментално настапува за младиот тим на белгискиот АФЦ Тубизе и му се предвидува кариера слична на неговиот брат, а нема сомнежи дека Челзи има предност при неговото купување во однос на останатите клубови.

Интересно, Челзи минатата година од Ујпешт го доведе Килијан Азар, но брзо го позајми во Серкл Бриж, а член на Челзи некогаш беше и уште еден брат на Еден, Торган Азар, кој никогаш не доби вистинска шанса на „Стемфорд Бриџ“. Лондонскиот клуб од 2012 до 2015 година го испраќаше на позајмици во Зулте Варегем и Борусија Менхенгладбах.

Ќе биде интересно да се види дали Еден Азар ќе издејствува да го доведе и својот трет брат во Челзи.