Сите мислеа дека Меланија одвај чекаше да ја напушти Белата куќа и да се разведе од Доналд Трамп – но, очигледно погрешија.
Поранешната прва дама на САД Меланија Трамп во Палм Бич основала организација во која што ќе продолжи да се занимава со хуманитарната работа и да им помага на децата.
Имено, Меланија во текот на престојувањето во Белата куќа основаше фондација „Be Best“ која што престана со работа штом престана нејзината функција на прва дама. Фондацијата се занимава со заштита на децата.

Оваа фондација им помага на децата на три начина – за здравје, сигурност и превенција, односно за заштита на социјалните мрежи. Меѓутоа, Меланија одлучила да продолжи со работата на оваа фондација иако во текот на последните денови кои што ги помина во Белата куќа одбиваше да се изјасни за тоа дали ќе продолжи да се занимавата со таа работа.
Доналд Трамп на почетокот ја поддржувал финансиски фондацијата, но исто така и со своето присуство.
Малкумина знаат колку всушност Меланија се посветила на работата во фондацијата, а тоа беше причината поради која што таа ретко се појавуваше во јавноста.
