“Мамо, ти купив автомобил”: Ова 13-годишно дете го разнежни светот со својот гест

978

Често во последно време децата се на удар на критики бидејќи се сметаат за неодговорни и размазени. Меѓутоа, 13-годишниот Вилијам Престон ги руши тие предрасуди.

Ова дете од американската држава Невада стана пример за децата ширум светот поради својот несебичен чин. Имено, тој како најстар од трите деца на самохраната мајка, одлучил да ѝ помогне и да ѝ го олесни животот.

Тој видел на Јутјуб како луѓето ги изненадуваат своите мајки со купување на автомобили и одлучил да го направи истото. На Фејсбук нашол оглас за Шевролет Метро од 1999 година и ја контактирал сопственичката.

Детето ѝ ја понудило својата конзола за играње Xbox во замена или да го отплати со помагање околу домот. Таа најпрвин го одбила, но потоа се согласила.

“Мамо, ти купив автомобил”, биле зборовите во кои мајката на Вилијам се посомневала, меѓутоа подоцна се уверила дека тоа е вистина. Секако, на автомобилот му биле потребни неколку помали поправки, но Кристал Престон вели дека е совршен.

Горда на потегот на својот син, таа оваа приказна ја објавила на Фејсбук, а набрзо на нивната врата тропнале и локалните медиуми.