Манчестер Јунајтед во транс: Четврта победа по ред под водство на Солскјер

757

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа славеа на гостувањето кај Њукасл со 2:0.

Со головите на Лукаку и Рашфорд, фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја остварија четвртата победа на исто толку натпревари под водство на новиот тренер на екипата, Оле Гунар Солскјер.

„Црвените Ѓаволи“ после четвртата победа по ред, остануваат на 6-то место на табелата во Премиер лигата со 38 освоени бодови, а очигледно победничката серија ќе им ги врати надежите на фудбалерите и навивачите за пласман во Топ 4.

Сепак, вистинскиот предизвик за Јунајтед и Солскјер следува веќе идното коло кога фудбалерите на Јунајтед ќе гостуваат на „Вембли“ кај Тотенхем.