Светот не е таков каков што изгледа. Повеќето географски мапи кои сме ги виделе се засновани на Маркаторова проекција – дури и “Google Maps” до неодамна ги користел варијантите на оваа проекција која била изработена пред речиси 550 години. Сепак, таа е изнанадувачки лоша во точното прикажуваање на вистинските големини на многу држави, пишува “IFLScience”.
Британскиот научник Нил Кеј, кој инаку проучува климатски податоци, направил визуализација на картата која се менува меѓу Маркаторовата проекција и реалните проекции на државите во однос на другите држави, а потоа во октомври 2018. година картографите објавиле проекција на мапата “Икварт Ерт” со надеж дека ќе ги надминат сите проблеми со кои се среќаваат поради бројните проекции на светот.
ГИФ-от елегантно покажува како Меркаторовата проекција ја искривува вистинската големина на многу држави, посебно на оние кои се подалеку од екваторот, пишува “IFLScience”.
Погледнете како Русија, Кина и Гренланд значително ја менуваат големината. Европа, делови од Азија и Америка исто така значително се намалуваат. Меркаторовата проекција го прикажува Гренланд како копнена маса поголема од Африка, иако во реалноста Африка е 14 пати поголема од Гренланд.
Animating the Mercator projection to the true size of each country in relation to all the others.
Focusing on a single country helps to see effect best.#dataviz #maps #GIS #projectionmapping #mapping pic.twitter.com/clpCiluS1z
— Neil Kaye (@neilrkaye) October 12, 2018
Меркаторовата проекција прв ја претставил фламанскиот картограф Герардус Меркатор во 1569. година. Била многу корисна за истражување бидејќи им овозможувала на морепловците да испланираат праволиниско движење и го задржува вистинскиот облик на државите, но кога тродимензионален облик како глобус пренесуваш во дводимензионална проекција, од нешто мораш да се откажеш.
Во овој случај, нејзините искривени големини и оддалечености се повеќе се приближуваат кон половите. Меркаторовата проекција исто така е обвинета и поради политички призвуци, претставувајќи евроцентристички колонијален поглед на светот.
With 3D Globe Mode on Google Maps desktop, Greenland's projection is no longer the size of Africa.
Just zoom all the way out at https://t.co/mIZTya01K3 ?? pic.twitter.com/CIkkS7It8d
— Google Maps (@googlemaps) August 2, 2018
Како резултат од сите овие недостатоци, некои училишта во Бостон дури и се одлучиле да се откажат од картата во корист на алтернативната Гал-Петерсова светска карта. Меѓутоа, ни таа проекција не е совршена. Додека ги задржува точните подрачни пресметки на копнената маса, го искривува нејзиниот облик.
Во октомври 2018. година, картографите објавиле проекција на мапата “Икварт Ерт” со надеж дека ќе ги надминат сите проблеми со кои се среќаваат поради бројните проекции на светот.