Пандемијата од коронавирусот му ги расипа плановите за свадба на пејачот Маријан Стојаноски, кој кон крајот на минатата година се сврши со својата избраничка, охриѓанката Наташа Каранџулоска со која сега и официјално стапија во брак.
Вчера тие во Скопје по сите мерки и прописи поради коронавирусот, се потпишаа кај матичар и пред законот станаа маж и жена.

ФОТО:МАРИЈАН СТОЈАНОСКИ/ФЕЈСБУК
Од фотографиите кои Маријан ги објави на својот Фејсбук може да се види дека во нивниот живот наскоро ќе стане уште повозбудливо – ќе добијат бебе.

ФОТО:МАРИЈАН СТОЈАНОСКИ/ФЕЈСБУК
Невестата очигледно е кон крајот на бременоста, но полот на бебето засега е непознат.

ФОТО:МАРИЈАН СТОЈАНОСКИ/ФЕЈСБУК
Инаку, Маријан работи во Македонската опера и балет, а како што своевремено изјави во некои од домашните медиуми, неговата сакана и сега венчана сопруга, не сака многу да се експонира во јавноста.