Марина се мажи за својот посвоен син: Владимир имал 7 години кога таа му станала мајка

777

Сведоци сме дека денешното време ни носи многу промени и помалку чудни работи кои доколку би се случиле пред десетини години би биле незамисливи.

Една интересна животна приказна ни пристига од далечна Русија, а главни актери во нејзе се 35 годишната Марина и нејзиниот посвен син, а сега иден сопруг, 20-годишниот Владимир.

Инфлуенерката од Русија Марина Балмашева која стана позната по својот процес на слабеење на Инстаграм, сега ја изненади јавноста признавајќи дека се омажи за нејзиниот посвоен син, со кого го запознала кога имал само 7 години.

Балмашева која има 35 години беше во брак со 45-годишнит Алексеј цели 13 години пред да се разведе. Кога нивниот брак заврши, таа започна врска со неговиот 20-годишен син Владимир. Сега таа планира свадба со својот посвоен син..

Руските медиуми пишуваат дека Марина и нејзиниот поранешен сопруг Алексеј посвоиле пет деца и дека во моментот живее со Владимир и уште три деца што ги посвоила со неговиот татко. Другите двајца живеат со нејзиниот поранешен сопруг.

„Не се чувствувам како постара жена која мора постојано да ја чисти куќата. Поради него, се чувствувам како млада и среќна девојка“, рече Марина, додавајќи дека не се грижи дека момче 15 години помладо ќе ја напушти поради некоја помлада.

Нивната врска веќе некое време ја преокупира руската јавност, а Балмашева доби многу критики откако неодамна објави заедничка фотографија на Инстаграм со Владимир од времето кога се омажила за неговиот татко, а на која Владимир има само седум години.

Уморни сме од криење. Но, сакам да го знаете дек се е можно на овој свет. Јас сум во четвртата недела од бременоста и тоа е една од причините што решивме да се ожениме.