Познатата Лото девојка Марјана Станојковска сите ја знаат и паметат како русокоса, а речиси скоро секогаш имала долга руса коса.
Ваквата фризура е нејзиниот заштитен знак, а очигледно дека таа најмногу си се допаѓа во вакво издание и ништо не може да ја премисли за друга боја на косата или пак за должина.
Марјана старата 2020 година ќе ја заврши со впечатлива нова фризура во нејзин стил, а ќе ја почне 2021 година со промена од која е воодушевена.
Имено,Марјана влезе во редот на платинести русокоси, ја осветли нијансата која ја имаше, но највпечатливиот дел е тоа што стави улра долги екстензии какви досега не носела.
Изведбата со природна надоградба на коса изгледа мачично, а веруваме дека многу припаднички на понежниот пол би го следеле примерот на Марјана, а по објавеното видео би ја прашале и за сугестија.