Кој блесна на сцената на Макфест 2020? 35-тото јубилејно издание на Макфест од моден аспект – кои беа највпечатливо облечени?
Марјана Станојковска ја видовме во улога на водителка на овогодинешното 35то јубилејно издание на Макфест.
На ревијалната вечер се појави во светкав долг фустан во стилот на гламурот од стариот Холивуд.
На натпреварувачката вечер пак, облече раскошна црна креација.
Впечатлив стајлинг имаше и од Eye Cue која во сината креација дефинитивно го имаше најдлабокото деколте на Макфест 2020.
Покрај Марија и Марјана, помеѓу најдобрите модни изданија ја истакнуваме и Полина Тасева, која заблеска во црвена, свечена тоалета, а дебитираше на Макфест и ја освои наградата за најдобар дебитант.