„Марка“: Наследниците на Филип Втори и Александар Македонски ќе дебитираат на ЕП 2020

777

Македонската репрезентација за еден месец ќе има можност да го има официјалноте деби на големите натпреварувања.

Игор Ангеловски и неговите избраници изборија историски пласман на Европското првенство. Таму ќе се надигруваат со Австрија, Украина и Холандија, во обид одново да ја разбрануваат и да ја изненадат европската јавност.

Ветеранот Горан Пандев ќе си ја исполни животната желба, да го води националниот тим на голем турнир. Овој настан ќе се памети засекогаш во историјата на македонскиот фудбал, кој се надеваме дека ќе биде мотивација за наредните генерации да продолжат со повторување на успесите на оваа селекција. За првпат континенталниот собир ќе се игра во различни држави. Ќе има 11 градови домаќини кои ќе помогнат да се организира турнир со 24 земји учеснички.

За нашата држава пишува и шпанска „Марка“, која најавува настап на наследниците на Филип Втори и Александар Македонски.

Марка

Планирани се 51 натпревар за еден месец, од кои 22 дена ќе бидат исполнети со фудбалски настани, а девет дена репрезентациите ќе паузираат. Титулата ќе ја брани Португалија, која пред пет години ја совлада Франција во големото финале.