Марко: Кога ќе видит Богородица како пливам, ќе го смирит езерото

1211

Личност на 2018 година, детето-јунак Марко Пејчиноски по една година повторно ќе се исправи пред Охридското Езеро и ќе им се спротивстави на студената вода, езерските бранови, ветрот. Ќе видит езерото што ќе го снајдит и годинава, кога Марко плива за децата со ретки болести. Ние немаме право да очекуваме ништо од Марко. Имаме право да му посакаме само среќа и да му дадеме поддршка секој во својот домен и во своите можности. А Марко!? Марко е јунакот! Што и да реши, што и да направи, тој е нашиот херој!