Ноќеска на инфективната клиника во Скопје починал познатиот пејач и водител Драган Вучиќ. Нему пред една недела тестовите му покажале дека е позитивен на коронавирусот, по што бил хоспитализиран во болница, а страшната вест за смртта на еден од најпопуларните македонски естрадни личности уторово ја потврди и неговиот син за „Убавина и здравје“.
„Вистина е, почина татко ми“, низ солзи потврди Мартин Вучиќ.