Сопственикот на компанијата „Tesla“, Илон Маск (50), предизвикал хаос на социјалните мрежи кога го прокоментирал потеклото на популарниот научник Никола Тесла.
„Никола Тесла бил роден во Хрватска од српски родители“, напишал милијардерот на Твитер коментирајќи ја веста за продажбата на електричните автомобили „Tesla“ во Хрватска.
Неговиот коментар имал над 12 илјади лајкови и многу коментари, а секако дека предизвикал и жестока расправа меѓу Србите и Хрватите.
Tesla Model 3 Leads in BEV Sales in Croatia in June & in 1H 2021https://t.co/xB1NRussTT
— Tesmanian.com (@Tesmanian_com) July 7, 2021
Да ве потсетиме, Никола Тесла е роден на 10 јули 1856 година во Смилјан како дете на локалниот свештеник на Српската православна црква Милунит Тесла и неговата сопруга Георгина.
Инаку, Смилјан тогаш се наоѓал на подрачјето на воената граница на Австоунгарија, а денес припаѓа на територијата на Република Хрватска.
Тесла се школувал во Госпиќ и Карловац, а потоа во Грац и Прага. Во периодот од 1881 до 1882 година работел во Будимпешта, па токму таму го започнал својот голем пронаоѓачки период.
Веќе во средината на 1882 година заминал во Париз. Потоа заминал во САД во 1884 година каде почнал да работи во компанијата „Thomas Edison“.