Математичката задача која ги намачи интернет корисниците повторно стана вирална на Твитер, бидејќи корисниците никако не можат да се договорат за нејзиното решение.
Равенката изгледа едноставна и јасна: 8 ÷ 2 (2 + 2) = ?
oomfies solve this pic.twitter.com/0RO5zTJjKk
— ❦ (@pjmdolI) July 28, 2019
Нема чудни операции, ниту чудни броеви, но луѓето се збунети бидејќи некои тврдат дека решението е 16, а други дека е 1.
Дури и различни калкулатори даваат различни резултати. Меѓутоа, збунетоста лежи во фактот дека прашањето е поставено на погрешен начин. Според правилата на алгебрата, одговорот треба да биде 16, бидејќи прво се решаваат заградите, а делењето и множењето имаат ист приоритет, така што проблемот се решава од лево кон десно, пишува „IFL Science“.
Wait… https://t.co/0xaE4dJuTz pic.twitter.com/9DwOQSzqq5
— LUZZZ (@celestiallight_) July 30, 2019
Сепак, некои тврдат дека на равенката ѝ недостасуваат неколку загради кои ќе им овозможат на луѓето да дојдат до вистинското решение.
Може да имате (8 ÷ 2) x (2 + 2), што би било еднакво на 16, или можете да го запишете како 8 ÷ [2x (2 + 2)], што би било еднакво на 1.
И двете опции сигурно би биле поедноставни, но веројатна тогаш задачата не би била хит на интернет.