Како што е објавено во магазинот New England Journal of Medicine (NEJM), минатата недела во САД е забележан неверојатен медицински случај.
Имено, во болница во Сан Франциско е примен 36-годишен маж со симптоми на критична срцева слабост, кои се влошиле. Примен е на интензивна нега, а со оглед на неговата историја на болест и лечење, кое вклучува и вградување на пејсмејкер, препишан му е соодветен третман, кој вклучувал посебен уред за срцева слабост. Исто така примил и лекови против згрутчување на крвта.
Бил задржан на интензивна нега
Мажот бил задржан на интензивна нега, а во текот на неделата, како што пренесува NEJM, имал период на екстремно кашлање. Се работело за толку силен напад на кашлање, што пациентот го искашлал десното бронхијално стебло, односно десната бронхија.

Пациентот искашлал цела недопрена бронхија од десното пулмонално крило, а NEJM објавил фотографии од искашланиот крвен сад од белите дробови.
Починал една недела по кашлањето
Пациентот потоа бил интубиран, а преку бронхоскопија е откриено дека имал малку крв на долниот десен лобус. Судејќи по тоа дека нападите на кашлица престанале, мажот почнал самостално да дише.
Една недела подоцна, тој починал, како што неведува NEJM, поради компликации поврзани со слабоста на срцето.