Маж опседнат со кукли ја киднапирал 4-годишната Клео додека кампувала со своите родители

909

Осомничениот Тери Кели, живеел во куќа преполна со “Bratz” кукли за девојчиња, а полицијата не сакала да открие дали токму со нив ја намамил несреќната Клео која била пронајдена како си игра со кукли во неговиот кревет.

Застрашувачкиот случај со киднапирањето на 4-годишното девојче Клео Смит од Австралија го потресол целиот свет со оглед на тоа дека несреќното дете се водело како исчезнато цели 18 дена, откако било киднапирано од шатор за време на кампување.

Девојчето било пронајдено во спалната соба на монструмот, каде на кревет си играло со играчките, а сега протекуваат нови детали за тој страшен случај.

Клео, имено, била киднапирана од 36-годишниот Тери Кели, кој моментално се наоѓа во затвор, а австралиските медиуми пренесуваат како тој бил опседнат со “Bratz” Кукли за девојчиња и дека имал неколку лажни профили на социјалните мрежи на кои споделувал бизарни фотографии од неговата куќа преполна со споменатите играчки.

Исто така споделувал фотографии од наводни членови на семејството и неговите деца, меѓутоа, соседите и долгогодишните пријатели на осомничениот Кели наведуваат дека тој нема свои деца.

Еден од неговите лажни профили го следела Ели Смит, мајка на киднапираната Клео, која на социјалните мрежи молела за помош во потрагата по својата ќерка.

На прашањето од австралиските медиуми за тоа дали сметаат дека Кели ги користел куклите за да ја намами Клео, полицијата не сакала да коментира.

Инаку, Клео исчезнала на 16-ти октомври додека била на кампување со своите родители, а полицијата успеала да ја пронајде по 18 дена потрага.