Еден граѓанин на Тајланд хитно бил пренесен во болница, бидејќи за пенисот го гризнал питон, кој излегол од ВЦ школката, пренесуваат локалните медиуми.
„Почувствував дека нешто ме гризна за пенисот. Кога погледнав голема змија, инстинктивно ја тргнав со рацете“, изјавил 45-годишникот за „Daily News“, кој во болница го сошиле со 15 копчиња, на местото каде бил гризнат.
„Требаше да бидам повнимателен. Пред два месеци видов змија во другиот тоалет во куќата. Но, не ми падна на памет дека се поврзани со цевки од канализацијата“, изјавил тој.
Посебна спасувачка екипа го фатила питонот и го пуштиле во дивина, а мажот нема да има здравствени последици.