Еден маж од Велика Британија тврди дека во последните три години ја пие својата урина поради што се чувствува “попаметен, посреќен и поздрав”.
37-годишниот Фабијан Фаркухарсон вели дека пие свежа урина, но и урина која е стара еден месец, пренесува “Ladbible”.
“Ја истражував алтернативнатта медицина кога наидов на напис за урината. Бидејќи отсекогаш сум имал отворен ум, решив да го пробам тоа и започнав да пијам свежа урина”.
Како што открил Фабијан, урината има “вкус на горко пиво”.
“На почетокот имаше вкус на горко пиво, беше прилично силно, но вкусот не беше премногу ужасен за да не можам да ја допијам чашата”, изјавил тој. Според неговите зборови, веќе по половина час се чувствувал поинаку.
“Почнав да се чувствувам одлично, имав премногу енергија. Сега ја консумирам секојдневно и на сите им го препорачувам истото”.
Како што вели мажот, со години јадел брза храна и почнал да чувствува болки во стомакот. Тогаш решил да промени нешто, започнал да јаде сирово овошје, но и да пие урина.
“Јадам овошје, семиња, правам смути и оттогаш се чувствувам многу подобро”, истакнал Фаркухарсон. Откако почнал да консумира урина, тој се чувствува и попаметно.
“Почувствував и подобрување во менталното здравје. Во секоја смисла се чувствувам многу подобро”, заклучил тој.