Во последно време многу слушаме и читаме за луѓе кои чувствувајќи се дека се родиле во погрешно тело, одлучуваат да живеат дефинирајќи се со спротивниот пол и, после некое време, да направат и хируршка промена на полот. За повеќето од нас, ова е незамисливо, но за среќа на оние кои сакаат да продолжат да живеат онака како што се чувствуваат, не и невозможно.
Покрај тоа што е многу скапо, преминувањето на пример од маж во жена не подразбира само една физичка промена. Човек кој преминува од маж во жена може да сака да направи зголемување на задникот, редукција на тироидната ‘рскавица, феминизација на лицето и зголемување на градите, како и промена на полот.
Добрата вест за овие луѓе е што при изведувањето на вагинопластиката, експертскиот хирург може да се осигури дека личноста ќе може да доживува оргазми или барем задоволително ниво на ерогена сензитивност што ќе ѝ овозможи и понатаму да искусува задоволство.
Во 2017 година во Македонија се изведе првата успешна операција за промена на пол во приватната клиника Систина.
На лицата во текот на неколкучасовната операција им се отстрануваат половите органи. Пред да бидат извршени оперативните зафати лицата една година примаат хормони и се под психијатриски надзор.
Хируршката интервенција за промена на полот од женски во машки е потешка и трае до 10 часа. ТЛекарите објаснуваат дека пенис се прави од мускул од грбот, а клиторис од внатрешноста на пенисот.
За отприлика еден месец, лицето кое го променило полот целосно ќе функционира како жена, а во рок од два ипол до три месеци веќе ќе може да има и нормални сексуални односи, при што ќе може да чувствува и сексуално задоволство.