Секоја жена во својот плакар треба да има црна комбинација која ќе и прилега на нејзината конституција, а во истата ќе се чувствува пријатно и самоуверено.
Позната македонска Лото девојка Марјана Станојковска добро знае кој е вистинската комбинација што совршено стои на неа.
Бог ја дарил со таква маркантност што ретко кое око не би било љубопитно да и „фрли“ барем еден поглед, кој пак сигурно ќе се задржи подолго.
Кога жената е полна со самодоверба, тогаш тоа е евидентно – баш како кај Марјана, која секојдневно плени со својата харизма и атрактивна појава, пред камерите, непосредно, но и на социјалните мрежи каде знае да предизвика „хаос“.
Секоја фотографија на Станојковска е празник за очи ама последните од студиото за Лото извлекувањето, се во знакот на елеганцијата и женската маркантност во црна комвијација која совршено ја истакна нејзината витка линија, а пак русата коса беше контрастот на целината.
Нема маж кој не сака да гледа убава жена, а овој пат Марјана со модниот избор воодушеви многу дами, а жените многу потешки знаат вистински да и признаат на жена колку таа добро изгледа. Овој пат, марјана во тоа успеа.