Mбапe: Роналдо ќе го донесе италијанскиот фудбал во преден план

856

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе изјави дека неговиот тим се нашол во тешка група во Лигата на шампионите.

Парижаните ќе играат со Црвена Ѕвезда, Ливерпул и Наполи.

Тој сепак, ќе биде среќен ако се сретне во финалето на турнирот со Кристијано Роналдо и Јувентус.

– Имаме тешка група, но тоа е нормално за Лигата на Шампионите, бидејќи тоа е главниот турнир во Европа. Натпреварот против Наполи ќе биде тежок. Тимот на Анчелоти покажува добар фудбал со јасна филозофија и висок пресинг. Имам еден непријатен спомен поврзан со него – во 2016 година со Монако загубивме 0:5 во пријателски натпревар, анализира младиот Французин.

На прашањето за евентуално финале меѓу неговиот тим и Јувентус, светскиот шампион со Франција вели: „Ќе се радувам. Кристијано Роналдо е голем предизвик. Тој ќе го изведе италијанскиот фудбал повторно во преден план. Во последните години Серија „А“ загуби малку престиж. Со Роналдо, луѓето повторно се заинтересирани неа“.