Локалните кафулиња во Шпанија ќе го прават тоа што мора за да привлечат гости и да закрепнат од големите губитоци како последица на коронавирусот.
Малото рибарско гратче на источното крајбрежје од Шпанија, а денес мета на туристите, по карантинот би можел да стане попопуларно од кога и да е.
Причината за тоа е падот на цената на пивото кое што во кафулињата и баровите би се продавалo за околу 40 денари.
Индустријата за храна и пијалаци има големи губитоци поради коронавирусот, а за да не се пролеат големи количини пиво попусто, Шпанците одлучиле да ја намалат цената на истото така што ќе го задржат интересот на туристите кои што сакаат да патуваат, а поради кризата нема да имаат толку многу пари на располагање.

Сепак, ексклузивните хотели нема да го следат тој пример, а тоа ќе го прават локалните кафулиња и барови, баш како и останатите угостители кои што го прават тоа што мора да го прават за да привлечат гости.
Покраината Аликанте поради благата медитеранска клима, песочните плажи и тиркизното море, е омилена дестинација за многумина. Во текот на летните месеци бројот на луѓето таму се зголемува и до 400 илјади.
Поради карактеристичната положба и заливите на крајбрежјата на Средоземното море, во текот на пролетта и есента просечната температура на воздухот и морето значително е поголема отколку во поголемиот дел на источното шпанско крајбрежје.

Бенидорм е познат по името Њујорк на Медитеранот, поради облакодерите кои што ги има во голем број, поголемиот дел од нив во близина на морето и плажите.
Освен тоа, овој град е на првото место по број на облакодери по глава од жител, односно втор по бројот на облакодери во светот, зад Њујорк.