Тој денес изјавил дека верува дека “случајот може да се реши” и тврди дека постојат луѓе кои знаат што се случило.
Поранешниот детектив Дејв Едгар уште не изгубил надеж дека Медлин МекКен од Велика Британија, која исчезнала пред 11 години, ќе биде пронајдена жива во Португалија.
Тој бил најмен од родителите на девојчето, Кејт и Гери МекКен за да ја пронајде нивната ќерка која исчезнала во 2007. година од летувалиштето во Португалија, каде престојувала со своите брат, сестра и родителите. Тој на случајот работел три години пред предметот да премине во рацете на полицијата во 2011. година.

Тој денес изјавил дека верува дека “случајот може да се реши” и тврди дека постојат луѓе кои “знаат што се случило”.
Едгар минатата година изјавил дека некој ги штити киднаперите и дека киднапирањето е комплексно планирано од банда педофили.
Според неговите зборови, Медлин веројатно е чувана во подземна ќелија, како и жртвите на Џозеф Фрицл.
Пензионираниот детектив денес за британски “Sun” рекол дека и натаму постои шанса таа да биде пронајдена.

“Медлин би можела да биде било каде во светот, но јас мислам дека и натаму е во Португалија. Можноста да е изведена од земјата и тоа да не се открие е малку можно. Во Португалија сигурно постојат луѓе кои знаат што се случило и каде се наоѓа таа”, рекол тој.
Минатата недела министерството за внатрешни работи потврдило дека го разгледува барањето на Скотланд Јард за уште средства за продолжување на потрагата по девојчето.
Скотланд Јард ја води својата истрага за Медлин од 2013. година, откако португалската полиција не успеала да направи никаков напредок.
Потрагата по Медлин досега ја чини полицијата 13 милиони евра.