Медведев го порази Ѓоковиќ и му го урна сонот

747

Рускиот тенисер Данил Медведев е победник на последниот грен слем турнир годинава САД Опен, откако во финалето го победи светскиот тениски рекет број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ со 6:4, 6:4, 6:4.

Ова е тежок пораз за српскиот тенисер, кој пропушти историска шанса за да освои календарски грен слем, откако претходно ги освои Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон. Овој пораз е прекин на серијата од 27 победи на големите турнири за Србинот.

Новак пропушти шанса да застане на првото место на вечната листа на освојувачи на грен слем турнирите и во 2022 година со по дваесет одличја ќе влезат со Надал и Федерер. Тој го заврши финалето во солзи и со залутан поглед како последица на пропуштената шанса.