Кралскиот пар неодамна направи потполно неочекуван потег. Имено, откако Меган пред венчавката го избриша својот Инстаграм профил, многумина помислиле дека повеќе никогаш нема да имаат прилика толку да се доближат до нејзиниот приватен живот.
Но, сега омилениот кралски пар одлучил да отвори заеднички профил на оваа социјална мрежа.
„Добредојдовте на нашиот официјален Инстаграм профил. Се радуваме што ќе ја споделуваме со вас нашата работа, работите кои ги поддржуваме, важните објави и што ќе имаме приликата да ги нагласиме важните прашања. Ви благодариме на поддршката и добредојдовте. Хари и Меган“, стои во првата објава, а за само неколку денови успеале да соберат повеќе од 3.8 милиони следачи.
За да ја оправдаат нивната доверба, ќе се трудат редовно да споделуваат интересни фотографии со обожавателите, па така сега објавија галерија од фотографии кои настанале уште од времето додека не биле во брак.
Станува збор за фотографии кои се направени уште во 2017-та година, кога Хари и Меган патувале во Боцвана, за да предупредат на загрозеноста на опстанокот на дивите животни. За таа прилика им помагале на научниците да им стават ланци на слоновите за нивно сателитско следење.
Иако прикажуваат нималку гламурозни моменти, и покрај тоа што повеќето го очекуваат, уште еднаш успеале да ги воодушеват обожавателите кои со нетрпение очекуваат да видат и други никогаш претходно објавени фотографии.