Уживајте во омилениот десерт и во деновите на пост…
СОСТОЈКИ:
1 л топла вода
500 гр брашно
1,5 лажици шеќер
8 лажици масло
1,5 лажички прашок за печиво
1,5 лажички сода бикарбона
малку сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во брашното измешајте ги состојките, па додајте вода. Сè измешајте рачно со жица за матење и печете ги палачинките во тефлонска тава. Пред печење на секоја палачинка ставете капка-две масло.
Напомена: Од оваа мерка се добиваат околу 20 палачинки, зависно од тоа колку тесто ставате. Може да се случи да бидат малку крути по печењето, но сè што треба да направите е да ги оставите да отстојат 15 минути, па фино ќе омекнат.
Ако палачинките се лепат за тавата само додадете го ова
Најголемиот проблем кој настанува кај палачинките и нивната подготовка, е тоа што ако нешто малку згрешиме, палачинки често се случува да се залепат за тавата, а тоа создава нервози, мака, како и повеќе работа со миењето на тавата и повторувањето на постапката.
Ако сакате да не се лепат палачинките, и ако сметате дека смесата не е доволно растресита, ставете една чаша пиво во неа и измешајте.
Може да си помогнете и ако ставите изматена белка со малку лимон. Верувајте, веќе нема да се лепат.