Мексиканска ТВ-Новела нуди големи пари за “ураганките” да глумат кај нив

753

Познатата српска група „Хурикејн“ по настапот на Евровизија доби нова понуда за работа. Според пишувањата на српските медиуми по вестите дека цената за настап на овие девојки се зголемила на 10.000 евра сега се зборува дека тие добиле понуда да глумат во шпанска теленовела.

„Менаџерот на Ивана, Сања и Ксенија доби мејл во кој им нудат соработка. Прво помисли дека некој се шегува со нив, но кога се јави на контактот сфати дека понудата е сериозна. Продуцентите од Телевиса го запаметиле настапот на „Хурикејн“ на Евровизија. Бидејќи латино американските твновели не се веќе толку популарни на Балканот, тие се надеваат дека со учеството на „Хурикејн“ повторно ќе станат акутелни на нашите простори“, вели извор близок на пејачките. Соговорникот вели дека на девојките им понудиле одлични услови за работа.

„По Евровизија, Ивана, Ксенија и Сања ја кренаа цената на настапот. Некогаш настапуваа за 3,4 илјади евра, а сега бараат 10 000 евра. Затоа нивниот менаџер им кажа дека имаа големи финасиски барања. Од Телевиса велат дека тоа воопшто не е проблем и дека се подготвени да платат само девојките да играат во серија. Тие се сигурни дека на тој начин ќе продадат неколку проекти во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, но и во Бугарија, Албанија. Со оглед на тоа што пораснале со твновели, девојките од „Хурикејн“ многу се израдуваа на оваа понуда“.

Пејачките сеуште не се огласија по повод овие пишувања.