Мелиза Харадинај ги покажа косовските симболи во ООН! Рускиот амбасадор и се закани: Ако го направите тоа повторно, ќе бидете исклучени!

835

Рускиот амбасадор во ООН Василиј Небензја на денешната седницата на Советот за безбедност на ООН за Косово, остро го предупреди претставникот на Министерството за надворешни работи на Косово, Мелиза Харадинај, дека ќе биде исклучена од наредниот состанок доколку и понатаму бидат прикажувани косовските симболи.

Рускиот амбасадор протестираше затоа што при вклучувањето во онлајн седницата на претставничката на Косово, се виде знамето на таа држава.

Амбасадорот на Русија, кој во моментов претседава со Советот за безбедност на ООН, рече дека е недозволиво да се кршат правилата за учество на Косово на седниците на Советот за безбедност на ООН.

Повторно на екранот ги гледаме атрибутите на т.н. државност на Косово, рече амбасадорот.

Потсетуваме дека правилата за учество на сесиите кога станува збор за претставниците на Косово се донесени во Советот за безбедност, и тие мора да се почитуваат. Покрај тоа, сакам да кажам, како претставник на Русија, дека на тој начин се доведува во прашање нашата согласност за поканата за Косово да учествува на следната сесија – додаде Небензја.