Менаџери на Атлетико Мадрид во Истанбул на финални преговори за Елмас!?

923

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се чини е пред финален договор за трансфер во Атлетико Мадрид ако се суди на информациите кои ги пласираше „ТРТСпор“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Како што пренесуваат Турците, директори на Атлетико Мадрид деновиве се во Истанбул на финални преговори со Фенербахче за преселба на Елмас во Ла Лига.

Уште на крајот од мај беше најевено дека Атлетико Мадрид е најблиску до потписот на македонскиот фудбалски дијамант, подготвен да плати 14 милиони евра обештетување за турскиот прволигаш. Сега сето тоа се конкретизира во очекување и на официјалниот договор.

За услугите на Елиф Елмас интерес во моментов постои и од Наполи со кого Фенербахче, исто така, е во сериозни преговори.